Ристовски од Прилеп: Со Иванов обезбедуваме меѓународни стипендии за младите

 

Претседателот Иванов дава огромна поддршка за стипендирање на младите луѓе, наша цел е да создаваме генерации на образовани луѓе кои ќе се враќаат овде без разлика каде студирале и ќе ја градат Македонија како земја со силен економски раст.

Ова го истакна министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на денешниот митинг во Прилеп.

-Ја имав таа чест заедно со Иванов да соработувам на проекти во образованието и науката. Заеднички реализиравме многу проекти со кој се унапреди севкупниот образовен систем во Македонија. Иванов е човекот кој даваше безрезервна поддршка и помагаше за подобри услови во училиштата, за подобрување на условите за работа на наставниците и научно-истражувачките работници, рече Ристовски.

Тој истакна дека јасната цел на Иванов е идентична со целта на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ- да создава генерации на образовани луѓе кои ќе се враќаат овде без разлика каде студирале и ќе ја градат Македонија како земја со силен економски раст.

-Иванов е човекот под чие покровителство 4 години се доделуваат стипендиите „Борис Трајковски“.  Осумдесет македонски студенти веќе се дел од меѓународно признати универзитети, го надградуваат своето знаење и се подготвуваат целокупното свое знаење да го донесат и да го имплементираат за подобар раст и развој на Македонија. Заедно со Иванов инвестиравме со основното, средното и високото образование, рече министерот.

Тој посочи дека поддршката на Иванов била и во личниот авторитет со кој често сугерираше решенија за подобрување на образовниот систем.

27.03.2014 - 20:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега