Партиските митинзи “настрадаа“ поради големо невреме низ цела Македонија
Големото невреме низ цела Македонија им направи вистински проблем на политичките партии кои се во екот на предизборната кампања за претседателските избори. Како што јавува нашиот репортер од терен, митингот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше закажан за во 17:30 часот во Прилеп почнал пред десетина минути, откако патијата морала целата опрема и бината да ја префрли во прилепската спортска сала, бидејќи надвор беснеело вистинско невреме. Проблеми има и СДСМ. Нивниот кандидат Стево Пендаровски својот митинг го префрли во Домот на културата во Гостивар.
ГРОМ, својот митинг пред трговскиот центар Бисер во Аеродром кој беше закажан за вечерва во 20 часот го одложи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа