Русија планира инвазија на истокот на Украина?!

 

Истражувачките американски воени служби го известиле конгресот и претседателот на САД Барак Обама за можноста на воена инвазија од страна на Русија во Украина и дека истата е многу веројатна се селучи сега од кога било претходно. До овој заклучок дошле на основа на алармантните симптоми кои се појавиле во последните четири дена. До ваквите доверливи податоци, се дошло во Луганск, Доњецк и Харков, а не се исклучува ни можноста за руската војска ја заземе и територијата на Балтичките држави. Филип Бредлав, командант на НАТО силите, им пренел на конгресмените дека концентрацијата на руските сили во граничниот појас е многу повеќе од доволна за да се изврши ваквиот план. 

 

 

27.03.2014 - 18:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега