По Твитер Турција го забрани Јутјуб
Турција нареди денеска да биде блокиран пристапот до ЈуТјуб, само една недела откако државата го блокира и интернет пристапот до Твитер.
Одлуката е доставена до интернет провајдерите и на турските ГСМ оператори.
Според Хуриет, блокирањето на пристапот до ЈуТјуб е направено без судска одлука туку како административна мерка по објавени нови записи за владејачката гарнитура во државата кои наводно зборуваат за ситуацијата во Сирија, јави Би-Би-Си.
27.03.2014 - 16:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа