Тимошенко: Ќе се кандидирам за претседател на Украина!

 

Поранешната премиерка на Укарина Јулија Тимошенко денеска официјално објави дека ќе се кандидира на предвремените претседателски избори кои се  закажани на 25 мај.

Ќе побарам на конгресот на партијата „Татковина“, што ќе се одржи на 29 март, да ја поддржи мојата кандидатура за највисоката функција во државата, изјави 54-годишната Тимошенко на прес-конференција во главниот град Киев.

- Јас сум должна да се кандидирам за претседател, истакна таа.

Според последните анкети на јавното мислење фаворт на изборите е политичарот и милијардер Петро Порошенко, по кого следи лидерот на партијата Удар Виталиј Кличко и Тимошенко

27.03.2014 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега