Прогласена епидемија на морбили во Скопје

Центарот за јавно здравје денеска прогласи епидемија на мали сипаницина територија на град Скопје.

Од 6 јануари досега лабораториски се потврдени 25 случаи со морбили.  Веќе има најава за нови три до четири случаи во текот на денов. Половина од заразените се деца до четири години, а останатите на возраст меѓу 20 и 40 години.

Лилјана Лазаревска, раководител на Одделението за епидемиологија при Институтот за јавно здравје-Скопје, денеска изјави дека последните осум случаи се епидемиолошки поврзани, што значи дека заболувањето, како што рече, почнало да се шири преку блиски контакти и тоа главно во семејствата, така што се создале услови за прогласување епидемија.

 

27.03.2014 - 12:55
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа