Ескперти: Пендаровски е клучниот верификатор на погубната политка на СДСМ и Црвенковски
Барањето на ДУИ за консензуален кандидат и обидот на СДСМ да го наметне Пендаровски кај Албанците е уште една етапа во процесот за продажба на националните интереси за личен профит кој започна со територијалнмата поделба во 2004та, оценуваат експертите за Сител. И тогаш Пендаровски беше клучниот верификатор на погубната поделба на земјата по етничка линија и албанизацијата на Кичево, Струга и Скопје. Експертите се навраќаат на настанот кој многу наликува на денешните случувања особено знаејќи дека актерската екипа е иста.
„Се сеќавам откако ние ја направивме коалицијата со ДУИ во 2008 година разговарав со еден претставник од раковосдството на ДУИ и имавме една дилема дали ДУИ му должи нешто на Црвенковски и дали Црвенковски му должи нешто на ДУИ за да можеме да бидеме сигурни дека таква една коалиција нема да биде нестабилна. Она што ми беше одговорено од страна на овој висок претставник на ДУИ беше дека немаат никаков долг кон Црвенковски затоа што тој како политичар го добил од нив тоа што го барал.
Имено во 2004та договорот меѓу ДУИ и Црвенковски бил тие да му дадат нему што сака, а тој да им возврати со тоа што тие го сакаат. Црвенковски посакал од ДУИ 5 годишен мандат со полнење на кутии, ДУИ посакале од Црвенковски, Кичево, Струга и СКопје со Кондово, Сарај, двојазична општина, двојазичен град - вели Антонио Милошоски за Сител
„Сите тие настани не само што потестуваат на се ова што ни се случува денеска туку тие се дел од едно исто сценраио. Се започна во 2001 година со војната која ја загубивме и тоа што тогаш не беше псотигнато веќе се спроведува на еден индиректен начин., од внатре, не од надвор како што беше тогаш и првиот голем исчекор беше 2004та кога беше донесена новата територијална поделба на земјата со која крајно непотребно, крајно погрешно, беа албанизирани одредени делови“, вели Ристо Никовски
„За да се заврши тој процес во кој што доминираше камапањата на Шеќеринска дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“ мораше да се има некој човек од доверба кој што требаше да ги верификува тие референдумски резултати и не случајно тоа беше Стево Пендаровски“ вели Милошоски
„Најнов настан од тоа исто сценарио е барањето за консензуален претседател“, вели Никовски
„И тогаш и сега актерите се исти иако главниот актер формално е повлечен од сцената и не е видлив за јавноста. Сепак ниту Шеќеринска ниту Пендаровски не се случајни луѓе и за територијалната поделба и за рефререндумот и за верификацијата на резултатите со полнењето на кутии од страна на ДУИ за времен а претседателските избори кога Црвенковски стана претседател на државата“, вели Милошоски
Територијалната поделба и неуспешниот референдум кој беше силно поддржуван од Груевски како лидер на опозицијата и Иванов како професор и дел од експертската јавност биле цехот кој Црвенковски им го платил на ДУИ за полнењето кутии и добивањето ан претседателскиот мандат кој исто така беше верификуван од Пендаровски се сеќаваат познавачите на состојбите.
На 7ми ноември 2004та пропадна обидот на опозицијата предводена од груевски со референдум да каже не за територијалната поделба на земјата. Причина беше недостигнувањтео на цензусот поради силната кампања на власта водена од радмила шекеринска- Некои прашања нбе заслужуваат одговор. Тоа беше првиот пат и псоелден пат кога Државната изборна комисија не излезе со кампања излези и галсај ис о тоа даде индиректна поддршка на бојкото и удоволувањето на желбите на Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа