Проверете какво значење имаат вашите еротски соништа

Сексуалните соништа ви носат ослободување, креативност и возбуда. Секој човек имал жешки еротски соништа. И додека некому ова може да му се чини чудно, психолозите ќе речат дека тоа не е ништо необично. Токму во соништата се ослободува вашата креативност, а понекогаш и многу скриени желби. Затоа, најдобро е да ги прифатите овие соништа и да уживате во нив, а доколку сметате и да искористите дел од искуството стекнато во нив и на јаве.

Психолозите и психотерапевтите утврдiле дека до еротските соништа се доаѓа поради човековите интензивни активности кои се случуваат во неговиот ум.

Со други зборови, бидејќи сексот е важен момент од сечиј живот, не е ни чудно што понекогаш соновите имаат таква содржина. Затоа, не грижете се ако во тој чин вие сте заедно и со некој непознат, со пријател или со некоја славна личност.

Еротските соништа можат да ги покажат внатрешните човекови желби и копнежи, но и некои работи кои воопшто не ги сакате и токму заради тоа не траба баш секој сон нешто да значи. Човековиот ум носи во себе „цензура“ а таа тежи да се ослободи токму во соништата каде што се е дозволено. Запомнете: таму, срам и други блокади - нема. Напротив, токму соништата ќе ви помогнат да се ослободите од нив. И Фројд вели дека еротските соништа покажуваат кон сонувачот како способен човек кој може да направи свое сценарио, односно да си ги задоволи несвесните импулси.

Жешките соништа – симболично значење или?

Психолозите се поделени околу објаснувањата на еротските соништа. Некои од нив тврдат дека ваквите соништа носат идеја како да го подобрите сопствениот сексуален живот, а другите велат дека сексуалните соништа не се воопшто поврзани со сексот. Исто така, некои од соновите можат да бидат резултат на она што сте го доживеале во текот на денот. На пр. ако сте запознале некое згодно момче, многу е веројатно вечерта да имате сексуални фантазии за него.

Жените почесто доживуваат оргазам

Иако не e честа појава, занимлив е фактот дека некои жени можат да доживеат и оргазам во овие соништа, посебно кога се во зголемена сексуална енергија. Доколку и не доживеат оргазам, веројатно ќе бидат на работ до тоа чувство, а да се разбудат на границата на оргазмот.

На еротските соништа треба да се гледа позитивно и без срам, зашто токму тие носат одредена количина ослободување и ви овозможуваат да препознаете некои од вашите сексуални потреби, но и да помогнат што подобро да управувате со својот сексуален живот. Не плашете се дека тоа е нешто лошо, зашто жешките соништа можат да бидат одраз на добро психолошко здравје.

Задоволни ли сте од сексуалниот живот?

Така, на пр. сонот може да открие дали сте задоволни со својот сексуален живот или барате нешто ново или пак имате некои скриени тегоби и стравови. И немојте да се изненадите доколку овие соништа бидат филм од неповрзани слики од различни делови на животот.

Еротските соништа  можат да бидат забавни и возбудливи, но ако сакате да знаете што точно тие значат, би требало подлабоко да се истражуваат. На пр. еротскиот сон кој не завршува со оргазам, би можело да укажува на недостаток од доверба помеѓу вас и партнерот. Исто така би можел да значи дека не сте задоволни со начинот во кој моментално се наоѓа вашиот деловен живот или пак пред вас стои некоја препрека која не им дозволува на вашите лични цели да се остварат.

Еротските соништа - природна појава

Еротските соништа се нешто сосема природно и нужно за вашето психичко здравје. Не заборавајте дека после нив никогаш не треба да се чувствувате виновни. Сè е тоа толку човечки и нормално, па – уживајте во нив!  

Извор: Лејди Бук

 

27.03.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега