На среќата ѝ нема крај- истовремено стана мајка и баба

 

39-годишната Сели Пич од САД забременила со своето четврто бебе, а нејзината ќерка се борела со неплодност, но потоа се случило чудо.

 

Сели и нејзината ќерка Оливија (21) раскажуваат какво е чувството кога мајка и ќерка во исто време ќе добијат дете.

Сели вели дека била на контрола во 12-тата недела од бременоста со нејзиното четврто дете Лука, кога нејзината прва ќерка Оливија и соопштила дека и таа е бремена.

- Не само што очекував да станам мајка по четврти пат, туку сега во исто време очекував да станам и баба. Плачев од среќа - вели Сели.

Нејзината ќерка Оливија сакала да има дете уште на 18 години но лекарите и рекле дека поради здравствен проблем никогаш нема да може да раѓа. Нејзината мајка вели дека ова Оливија го поднела многу тешко, и затоа Сели стравувала да и соопшти дека се обидува да има четврто дете.

Кога останав бремена се чудев како ќе и кажам на Оливија. Морав да и кажам и таа беше поразена, но намести храбро лице и ми честиташе. Тоа уште повеќе ме уништи. Затоа бев пресреќна кога дознав дека и таа ќе стане мајка! - вели Сели.

 

Но таа признава дека набргу ја совладале мешани емоции.

- Што ќе помислат луѓето, мајка и ќерка со деца врсници...како ќе бидам и мајка и баба, Оливија очекува помош од мене...како ќе живееме во иста куќа...две бебиња, кое попрво да се гледа ...

 

Но, се си дошло на свое место. Грижите кои Сели ги имала не ги делеле нејзините три деца и сопругот - тие само биле возбудени што ќе имаат два нови члена на семејството.

27.03.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега