Тачи: Српските воени и паравоени групи извршија геноцид во Косово

 

Денеска се погребаа телесните останки од косовските Албанци, убиени за време на конфликтот во Косово присуствуваше и косовскиот премиер Хашим Тачи кој изјави дека Српските воени и паравоени групи извршија геноцид во Косово.

Илјадници жители на косовските села Сува Река и Мала Круша присуствуваа денеска на погребот на 46 жртви од албанска националност, кои по конфликтот во Косово беа откриени во масовна гробница.

Тачи додаде дека се уште не е позната судбината на 1.700 исчезнати за време на конфликтот и Европскиот Парламент наскоро ќе усвои специјална резолуција со која ќе побара Србија да ги провери сите места каде што постои сомневање дека има скриени телесни останки од жртви во војната во Косово. 

26.03.2014 - 18:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега