Жена ми ме напушти за мојот најдобар пријател- Ендру Силверман си ја отвори душата

Ендру Силверман, некогашниот најдобар пријател на Сајмон Кауел, прв пат отворено зборува во јавност за чувството кога неговата жена Лорен го напуштила за Кауел со кој сега има и дете.

Ендру дал интервју за новинарите и за прв пат јавно зборува кога неговата сопруга Лорен Силверман го напуштила за неговиот пријател, Сајмон Кауел.

„Тоа беше еден од најтешките моменти во мојот живот, но многу научив од тоа “.

„Јас сум обичен човек, не сакам медиумско внимание и не сум за таблоиди. Беше ова едно доста шокантно и неочекувано искуство“, изјавил Ендру.

„Во тој период бев фокусиран на мојот 8 годишен син Адам“, изјавува Ендру кој со Лорен има еден син.

„Приватноста нема цена, а јас се трудев да бидам неприметлив. Мислам дека и за мене и за Лорен најважно е да нашиот син има нормален живот.“

Да потсетиме дека Лорен и Сајмон добија син пред месец дена.

26.03.2014 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега