Собранискиот спикер на проштална средба со британскиот амбасадор Ивон

 

Собранискиот спикер Трајко Вељановски, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Кристофер Ивон.

Ивон за време на средбата изразил задоволство од пријателските односи кои се одвиваат на исклучително високо ниво, разбирање и пријателство, додека од својат страна, собраниекиот спикер изразил надеж дека и во иднина ќе продолжи добрата соработка.

На средбата се разговарало и за претстојните предвремени парламентарни избори и изборот за претседател на Република Македонија, за кои Вељаноски истакнал дека најважно е да поминат во најдобар ред, без инциденти и да биде почитувана волјата на македонските граѓани, кои, како што рекол, го прават изборот.

 

 

26.03.2014 - 14:16
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега