„То Потами“: Грција ја држи главата во песок за проблемот со името
Грчката политичка партија „То Потами“ за спорот со името на Македонија денеска изјави "Ние ја држиме главата во песок и негирањето на реалноста не помага. Мора да бараме решение без максимализам, сложено име со кое соседната земја јасно ќе се разликува од грчка Македонија".
- Прашањето за името на Македонија трае со децении, но без резултат за Грција и покрај нејзиниот решителен став. Грција првично постигна соседната земја да биде меѓународно призната со привремено име. Денес, меѓутоа, бројни влади и организации ја признаваат земјата под уставното име. Ние ја држиме главата во песок и негирањето на реалноста не помага. Дури и сега, ние мора да бараме решение без максимализам, сложено име со кое соседната земја јасно ќе се разликува грчка Македонија, истакнува „Потами“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, партијата нагласува дека „Скопје е пример за отсуство на стратегија во грчката надворешна политика“.
- Ние покажуваме посебна тупаница кога се зборува за овие прашања внатре, но надвор се колебаме меѓу улогите на непослушно дете и сиромашен роднина, истакнува „Потами“, која според последните испитувања на јавното мисклење е трета политичка сила во Грција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа