Волк тежок 70 килограми застрелан во Ресенско

На брегот на Преспанското Езеро, во атарот на селата Сливница и Крани изутрината е убиен волк, тежок 70 килограми.

Волкот го застрелал Оливер Костовски од Сливница, кој одејќи кон езерото го забележал животното како излегува од трските.

- Кога го забележав волкот единствена помисла ми беше, како да го убијам овој крволочник, кој често прави штета кај овчарите. Знаејќи какво животно е морав брзо да реагирам, рече Костовски, пренесе МИА.

Костовски ќе добие награда од 2.500 денари од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

26.03.2014 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега