„Малезија ерлајнз“ се соочува со тужба за исчезнатиот авион

Адвокатска фирма од Чикаго пред Суд во САД покрена законска процедура, потенцијално вредна неколку милиони долари, против авиокомпанијата „Малејжа ерлајнс“ и корпорацијата „Боинг“ поради исчезнувањето на авионот МХ370, оценувајќи дека компаниите се одговорни за трагедијата.

- Веруваме дека двете тужени компании се одговорни за трагедијата на летот МХ370. Од исклучителна важност за жртвите кои ги застапуваме е сите одговорни страни да бидат изведени пред правдата, без исклучок, се наведува во соопштението објавено во Куала Лумпур.

Тужбата е покрената во име на адвокатот Џунуари Сирегар, кој го изгуби синот во несреќата, а семејствата на жртвите бараат отштета од неколку милиони долари.

За потсетување, малезискиот авион превезуваше 239 патници и членови на екипажот, а повеќе од две недели од него нема ни трага ни глас.

 

 

 

 

26.03.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега