Мажите сакаат жени без шминка
За многу жени е незамисливо да излезат од дома без шминка, но новата студија покажува дека без шминка се многу попривлечни за мажите, бидејќи делуваат поприродно и посвежо.
Психологот Алекс Џоунс од Универзитетот Бангор кажува дека луѓето сè попозитивно реагираат на фотографии од жени со малку шминка. Неговото истражување е објавено во „Quarterly Journal of Experimental Psychology“, а се заснова на акцијата #NoMakeUpSelfie во кое жените поставуваат свои фотографии без шминка.
Исто така, со оваа акција се собрани еден милион фунти за борба против ракот, а направено е и истражување какви жени се најпривлечни за мажите.
Заклучокот од ова истражување е дека мажите сакаат кога жените имаат 40% помалку шминка отколку вообичаено. Спротивно на тоа, жените мислат дека се поубави ако ставаат многу шминка. Дури и мажите на кои жените им се поубави без шминка сметаат дека за другите мажи тие ќе бидат попривлечни ако имаат шминка.
Така всушност и двата пола се во заблуда, а самите жени во студијата изјавиле дека без шминка изгледаат посвежо и поздраво. Џоунс нагласува дека сега жените можат да имаат повеќе самодоверба и да се осудат да носат помалку шминка, со оглед на општото мислење дека така се многу поубави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа