Даниел по победата на Икс- Фактор: Кики ќе ме носи на турнеја

 

Нашиот победник на регионалното шоу Икс Фактор Даниел Кајмакоски наскоро  ќе започне турнеја со еден од менторите и член на жирито Кики Лесендриќ, но какко што вели Даниел турнејата малку ќе почека за да може тој да си ги сумира впечатоците.

 

"Сега сакам неколку денови да бидам сосема сам и да размислувам на среќата која ме проследи вели Даниел низ солзи.

 

"Од средината на Мај со Кики планираме да одиме на турнеа во Америка и Канада, а предходно планираме турнеја со "Х фактор". Тоа е причината зошто решив да го напуштам домот во Виена и да се пресели во Белград, бидејќи така ќе бидам блиску до сè. Тоа би го направил без оглед на тоа како ќе завршеше натпреварувањето и вели дека би сакал да соработува со Жељко Јоксимовиќ бидејќи како што вели тој е прекрасен ментор и прекрасна личност но за се е е потребно време и тој не се брза.

За Даниел најемотивен момент било кога веднаш по прогласувањето на победникот тој се поздравил со своите родители.

"Најемотивен момент беше кога ја прегрнав мајка ми и кога татко ми дојде. Многу работи кои сум ги започнал не сум ги завршил и многу пати сум ги разочарал но вечерва конечно им го исполнив сонот и многу се гордеат со мене.

Татко ми последен пат плачеше пред 12 години но и оваа вечер тој пушти солзи и ми рече "Најдобар си, Браво".

Даниел веќе има планови за понатамошната кариера и за отворање на музичко училиште за таленти и тоа како што вели бидејќи сака да им помогне на младите таленти бидејчи знае како му било на него кога сите му велеле дека е голем талент но никој не му понудил ништо сериозно.

Тој вели дека не се плаши од тоа дали брзо ќе биде заборавен како и останатите победници на ваквите музички шоуа.

 

Се надевам дека ќе го променам тоа, јас верувам во себе и не дојдов волку далеку за да се откажам толку лесно вели Даниел.

26.03.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега