Бесплатна ИТ обука за ученици од социјално загрозени семејства

Проект наменет за лица од социјално загрозените семејства почна да се реализира во рамки на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст-Охрид.

Со проектот ќе бидат опфатени учениците на возраст од 16 до 18 години, од социјално ранлива категорија кои ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат.

На тој начин, како што се наведува, се отвора можност кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно вработување или отворање сопствен бизнис.

26.03.2014 - 10:04
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега