Во недела започнува летното сметање на времето

Од оваа недела, започнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе спиеме еден час помалку.

Летното сметање на времето е конвенција преку која што се поместуваат часовниците така што ќе има повеќе дневна светлина,а за сметка на тоа утрата ќе бидат пократки. Овој систем е предложен во 1905-та година од страна на Вилијам Вилет, а прв пат беше широко применет во 1916-та година, како военовременска мерка насочена за заштеда на јагленот.

Денес во Европа е прифатена конвенција летното сметање на времето започнува во последната недела од март, а завршува во последната недела на окотмври.

26.03.2014 - 09:57
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега