"Не сакам покрај себе да имам вештачка девојка" - Кристијан Голубовиќ ја избегнува силиконската кралица

Кралицата на силиконите Тијана Џуриќиќ, ги извадила имплатантите поради својата нова љубов, Кристијан Голубовиќ.

Контраверзниот лик признал дека Тијана му изјавила љубов, секојдневно му испраќала пораки на Фејсбук и исто така му подарила куќа.

"Тијана ја запознав преку мојата другарка, која ми соопшти дека сака да ме запознае. Отидовме на пијачка и "кралицата на силиконите" ми изјави љубов. Јас мислам дека не сум човек кој е спремен да почне емотивна врска, бидејќи немам таков стил за да имам до мене тотално вештачка девојка."

Останува да видиме "кралицата на силиконите" што следно ќе направи за Кристијан.

26.03.2014 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега