Тројца тајни агенти на Обама испратени дома поради пијанство

Тројца агенти на американската тајна служба задолжени за безбедноста на претседателот Барак Обама за време на актуелната посета на Европа, се испратени дома и привремено се суспендирани од работните места бидејќи биле во алкохолизирана состојба, пишува весникот „Вашингтон пост“.

- Повикувајчи се на неименувани извори весникот објави дека еден од  агентите е пронајден „мртов пијан“ во холот на хотелот еден ден пред претседателот да пристигне во Европа.

Брајан Лири, портпаролот на тајната служба потврди дека агентите се вратени назад во САД од Амстердам, поради дисциплински причини, но не сакаше да изнесе повеќе детали.

 

Овој инцидент потсетува на скандалот од април 2012 година, кој се случи во колумбискиот град Картагена, а во кој беа вклучени агенти на американската тајна служба и проститутки.

26.03.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега