Руски знамиња кренати на сите воени објекти на Крим

Во сите 193 воени објекти на Полуостровот Крим утринава беа кренати Руските знамиња соопшти началникот на Генерштабот на Вооружените сили на Руската Федерација, Валериј Герасимов.

 - Во сите касарни се оддржаа церемонии на кревање на руското знаме и изведување на химната на Руската Федерација, додава Герасимов.

 Последниот брод на Крим вчера беше заземен од руските сили, на кој уште се вееше украинското знаме, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана во Киев, Владислав Селезњов.

За три недели Крим целосно мина под воената контрола на Русија.

Украинскиот министер за одбрана, Игор Тењух, кој вчера поднесе оставка на функцијата, претходно во Парламентот соопшти дека само 4.300 од вкупно 18.800 украински војници на Полуостровот имаат намера да се повлечат, за да останат во армијата на Украина.

26.03.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега