Кина им продава свеж воздух на своите туристи

Кина почна да им нуди свеж воздух на своите туристи,на тој начин што им продава шишенца со кислород, поради загаденоста.Инспирацијата за оваа идеја е дојдена од Јапонија,каде на планината Фуџи се продаваат слични шишенца воздух.

Светската здравствена организација го опишува како "криза на животната средина", во обид да се укаже опасното ниво од смог. На улиците во Кина ќе се продава конзервиран воздух.

Во југозападна провинција Гуејџоу,ќе се произведуваат шишенцата со свеж воздух,а ќе се "пакува" во еко туристичките зони, како што се Фаунџинг и Леигонг.

Претприемачите од тоа веќе почнаа да заработуваат,а мината година извесниот Чен Гуангбиао, кој се збогатил благодарение на рециклажа, тврдеше дека за само 10 дена продал 10 милиони лименки и тоа во време кога нивото на загаденост било рекордно високо.

 

 

26.03.2014 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега