Продолжува штрајкот на грчките фармацевти

Фармацевтите во Грција денеска продолжуваат со штрајкот во знак на протест против нацрт-законот, кој Владата го достави во последен момент, а кој беше договорен со „тројката“ меѓународни кредитори, за промена на лиценцата на аптеките што ќе доведе до затворање на 12.000 аптеки и ќе го стават во ризик јавното здравство.

Од Асоцијацијата на грчките аптеки сметаат дека Владата планира да ја укине долгогодишната контрола врз лиценцата, за да дозволи создавање на фармацевтски ланци во супермаркетите. 

Фармацевтите се незадоволни поради тоа што Владата не ги исполнила ветувањата дадени на Асоцијацијата, која организираше повеќе штрајкови изминатите месеци.

Меѓународните кредитори постигнаа спогодба со Владата минатата недела по седум месечни преговори. Тие се договорија да го обноват отпуштањето на следната транша од заемот во замена за нови мерки.

26.03.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега