Австралија ја обнови потрагата по исчезнатиот авион со 239 патници

Денеска, по 24-часовниот прекин поради лошото време, Австралија ја обнови потрагата „по урнатиот малезиски „Боинг 777“ во Индискиот Океан“.

Поради невремето  проследено со силни ветрови, со бризина од 80 километри на час, и поројни дождови и драстично намалената видливост операциите за потрага по авионот беа прекинати

Бродовите и авионите повторно се насочија кон зоната што се наоѓа на околу 2,5 илјади километри од западното крајбрежје на Австралија.

Според податоците на Австралиската служба за поморска безбедност, „операцијата ќе се прошири во три зони со површина од 80.000 километри квадратни“. Во неа ќе учествуваат 12 авиони, од кои седум воени и пет цивилни, од Австралија, Кина, Нов Зеланд, САД, Јужна Кореја и Јапонија, како и два брода, од кои еден е на австралиската Воена морнарица.

- Ќе го продолжиме пребарувањето и ќе направиме се што е можно да се открие мистеријата на урнатиот авион, изјави австрискиот премиер Тони Абот.

„Боингот“ со 12 члена на екипажот и 227 патници на 7 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг. Врската со контролата на летот беше прекината два часа по полетувањето од престолнината на Малезија.

26.03.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега