Охриѓанец поврзан со Ал Каеда стои зад терористичкиот напад во Турција

Охриѓанецот Мухамед Закири, е третото осомниено лице за терористичкиот напад во кој пред пет дена беа убиени двајца полицајци и цивил во местото Нигде, Турција.

Закири заедно со уште двајца Косовци нападна полициски пункт и побегна, но вчера беше уапсен. Групата во полиција посочила дека нападот го извела служејќи му на Алах.

Мухамед Закири, македонски државјанин на возраст од 18 години и четири месеци, учел медреса во Тирана. Првпат за Сирија заминал во 2011-та година и според податоци на безбедносните служби неколку пати одел и се враќал од фронтот.

Групата била дел од радикалните структури блиски на Ал Каеда, потврдила турската полиција. Во камионот со кој се враќале од Сирија носеле три пушки, пиштоли, гранати и воена опрема. Во полицајците пукал Косовецот Чендрим Рамадани, кој имал и швајцарски пасош. Пред суд изјавил дека нападот го извеле во име на Алах и затоа што Турција е дел од НАТО.

По нападот турските медиуми јавија дека го извршиле тројца Албанци, двајца од Албанија и еден Косовец. Албанското Mинистерство за внатрешни работи демантираше дека се албански државјани.

25.03.2014 - 22:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега