Груевски: Зад Иванов стојат луѓе со реализирани над 2000 проекти

Груевски истакна дека Иванов во изминатите пет години работеше напорно и одговорно и неговите позиции за името се сосема јасни, а токму народот е тој што одлучува.

-Тој е прв претседател во историјата на Македонија кој на изборите излезе со програма и даде отчет за сработеното на транспарентен начин. Зад Иванов стојат вредностите и делата, зад него стојат луѓето кои што заедно со него работеа на реализација на две илјади проекти, потенцираше Груевски во својот говор.

Тој истакна дека сите тие дела и нивните резултати се видливи, мерливи и реални.

Говорејќи за Иванов Груевски потенцираше дека луѓето што го поддржуваат актуелниот претседател се луѓе кои што досега реализирале над 2000 проекти.

Меѓу нив се проекти какви што досега не реализирал никој во историјата на земјата, отворени се 117 000 нови работни места, сериозно зголемени платите во екот на најголемата економска криза во ЕУ започната многу крупни инфраструктурни проекти како автопатишта, голем број странски инвестици, реформи во сите сфери.

25.03.2014 - 21:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега