На момчето кое ги избодел неговите рекетари му се заканува смрт

Малолетниот Крстан В. од Кача, кој минатата година поради обид за убиство на две постари од него лица, кои со месеци го рекетирале и малтретирале, му е изречена мерка на засилен надзор, поради заканите кои ги добивал преку Фејсбук. На момчето и неговото семејство преку друштвената мрежа им се испратени пораки со смртни казна, како еден вид на крвна освета. Случајот веднаш бил пријавен во полиција. Крстан пред неколку дена добил уште неколку заканувачка пораки, а во една од нив „авторот“ наведува дека се избодени неговите браќа и дека тој ќе ги одмазди. Иако на почетокот сакал да ги избрише пораките, сепак ги зачувал и случајот го пријавил во полиција.

Крстан пред судот одговараше за тоа дека на почетокот на ноември 2012 година во ходникот на влезот во Машинското школо каде се обидел да избега, со нож се обидел да убие две постари од него лица. Тој тврдеше дека и двајцата постојано го малтретирале. Но, и покрај тоа што сограѓаните неговите познаници и школски другари со петиција побараа обидот за убиство да се преквалификува во самоодбрана, обвинувањето не беше изменето. Главната причина за ваквото барање се доказите како и снимката од видео надзорот на кои јасно се гледа дека двајцата најпрво го нападнале Крстан, го мавале со цигли, го удирале и почнале да го дават, по што овој посегнал по ножот.

 

Против двете полнолетни лица за кои се претпоставува дека со месеци пред крвавата пресмета изнудувале пари од Крстан не е подигната никаква пријава.  

 

 

25.03.2014 - 19:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега