Груевски: Македонците муслимани добиваат и ќе добиваат високи позиции во ВМРО-ДПМНЕ

Јас вечерва од оваа говорница сакам да најавам дека на листата за патеници на ВМРО- ДПМНЕ со коалицијата ќе има место во добитничките мста на најмалку двајца македонци со муслиманска вероисповед за да можеме заедно да се бориме за подобрување на животот во тие краишта.

Ова го порача денеска премиерот  Никола Груевски за време на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Струга.

- Во извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе уште еден член од муслиманска вероисповед, истакна Груевски пред стружани.

Тој рече дека нзависно како ќе гласаат граѓаните со муслиманска вероисповед на овие избори, ВМРО-ДПМНЕ активно ќе работи на подобрувањето на нивната сосотојба во Македонија.

25.03.2014 - 20:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега