Груевски најави нова инвестиција и нови работни места во Струга

Германска компанија за производство на автомобилски делови и електроника за други индустрии донесе одлука да инвестира во нашата земја, поточно во охридско-струшкиот регион.

Ова го истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на митингот за поддршка на претседателскиот кандидат, Ѓорге Иванов, во Струга.

-Пред  една година во минтингот во Скопје најавив дека крупна германска компанија донела одлука да инвестира во Македонија, но не смеев да откријам за која станува збор, но тогаш  укажав дека тоа ќе се објави за неколу месеци и сведоци сте за инвестицијата на „Маркарт“ во Велес со која ќе се вработат  800 луѓе.  Една друга германска копманија денеска донесе одлука да изгради фабрика за делови за автомобилската индустрија во Охридско-Струшкиот регион, најави Груевски од Струга.

Тој нагласи дека станува збор за инвестиција која што на почетокот ќе функционира како браунфилд  инвестиција додека не изградат нова фабрика.

-Како и минатиот пат немам дозвола да го споменам нивното име, но сакав вечерва да ја сподеделам оваа убава вест со вас, во таа компанија ќе се вработат многу луѓе од Струга и Охрид, ќе го вадат својот леб од таму и ќе ги прехрануваат семејствата, нагласи Груевски пред стружани,истакнувајќи дека радосната вест ја добил токму пред митингот во Струга.

25.03.2014 - 20:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега