ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се пофали ли кандидатот на СДСМ дека аминувал територијална поделба?

ВМРО-ДПМНЕ не ја разбира и не ја прифаќа логиката по која денес одлучуваше ДИК во однос на иницијативата на СДСМ за наводно предвремено почнување на изборната кампања на кандидатот за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на владејачката партија.

Не ја разбираме и не ја прифаќаме логиката што ја поддржале претставниците на СДСМ и останатите политички партии во ДИК, а која логика вели дека политичарите не треба и не смеат да дадат отчет за сработеното. Ова е очигледно заради тоа што другите партии и кандидати немаат со што да дадат отчет пред граѓаните.

СДСМ очигледно се уплаши од отчетноста. Впрочем и што би правеле друго, дали тие сами би сакале да дадат отчет за својата работа во минатото? Што би кажале? Дека затворија 684 фабрики, дека избркаа од работа 200 000 луѓе, дека ги намалија пензиите? Ќе се пофалат ли дека направија штетна територијална поделба на државата?

Каков отчет ќе даде нивниот кандидат за Претседател? Дека бил Претседател на ДИК на избори на кои фалсификувано, па и според меѓународните извештаи, беше избран Црвенковски за Претседател? Ќе се пофали ли кандидатот на СДСМ дека аминувал територијална поделба и дека советувал предлози за името кои ги лиферуваше Црвенковски во минатото?

Затоа СДСМ се плаши од отчет. Затоа тие не сакаат да дадат отчет.

Тие би биле среќни политичарите никогаш да не треба и да не мора да даваат сметка за својата работа.

25.03.2014 - 20:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега