Баевска-Вучковиќ: Иванов реализираше проекти кои го направија здравството поквалитетно

Докторката Татјана Баевска- Вучковиќ е дел од Тим Македонија, а во гостувањето на отвореното студио пред почетокот на митингот во Струга зборуваше за тоа зошто е дел од тимот интелектуалци кои го поддржуваат претседателот Иванов.

-Сите оние квалитети кои дефинираат одговорност, респект и почит се основни двигатели за да следиме сите, да твориме кон нешто добро за нашата држава. Имав можност да изминативе години го запознаам претседателот лично и  неговото семејство кое што одава впечаток за негување на традицијата на семејните вредности, една посветеност, секојдневно залагање за општо добро за сите нас, изјави Вучковиќ.

Вучковиќ потенцираше дека претседателот и неговот семејство допринеле за реализација на проекти во здравството кои што го унапредуваат и го прават поквалитетно.

Таа додаде дека сите од Тим Македонија се обединети за доброто на сите нас и за идните генерации.

25.03.2014 - 19:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега