ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од отчетноста

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција посочува дека не ја разбира и не ја прифаќа логиката по која денеска одлучуваше ДИК во однос на иницијативата на СДСМ за наводно предвремено почнување на изборната кампања на кандидатот за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, СДСМ се плаши од отчетноста, и прашуваат дали тие сами би сакале да дадат отчет за својата работа во минатото.

- Што би кажале? Дека затворија 684 фабрики, дека избркаа од работа 200.000 луѓе, дека ги намалија пензиите? Ќе се пофалат ли дека направија штетна територијална поделба на државата, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат каков отчет ќе даде нивниот кандидат за претседател.

- Дека бил Претседател на ДИК на избори на кои фалсификувано, па и според меѓународните извештаи, беше избран Црвенковски за Претседател? Ќе се пофали ли кандидатот на СДСМ дека аминувал територијална поделба и дека советувал предлози за името кои ги лиферуваше Црвенковски во минатото, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

25.03.2014 - 19:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега