Средба на Јакимовски со шефот на мисијата на ОБСЕ Аренс

Во просториите на Републичкиот штаб на Граѓанската опција за Македонија шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Герт Аренс со неговата делегација остварија работен состанок со претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Како што соопшти партијата, на состанокот се разговараше за актуелните политички состојби, очекувањата и предвидувањата на ГРОМ за регуларноста на изборите и целовитоста на избирачкиот список. При тоа, се додава, Аренс посебна нагласка ставил на тоа дали ГРОМ има некои индиции или очекувања за можни нерегуларности и насилства на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Лидерот на ГРОМ оценил дека со одредени интервенции во законите и со измени во медиумското презентирање на сите учесници во изборите таквите шанси се смалени. Тој додал дека ГРОМ ќе се обиде со позитивна кампања и со силата на аргументите да ги добие битките со своите против кандидати, нагласувајќи дека не очекува насилства и поголеми нерегуларности во текот на кампањата и самите избори.

25.03.2014 - 19:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега