Аврамовски: Иванов дури и ја надмина програмата од претходниот мандат

 

Стружани  се задоволни од тоа што претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов ја оствари програмата од пред  5 години нои не само тоа туку и ја надмина, а сигурни сме дека ќе оствари и најголем дел од сегашната програма.

Ова го истакна  д-р Момчило Аврамовски во отвореното студио пред почетокот на митингот на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Струга.

Програмата на Иванов, како што нагласи Аврамовски, резултираше со  многи реформи кои не доближија до ЕУ и со многу инвестиции.  И во Струга започна да се гради индустриската зона, а тоа е од особено значење за стружани, заклучи тој.

Аврамовски рече дека плоштадот во Струга ќе се наполни и ќе нема место до крајот на митингот за сите граѓани.

25.03.2014 - 18:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега