Економско чудо од град во Хрватска - невработеност речиси нема и наталитетот расте

Екипата на ХТВ во својот магазин Лабиринт го посети малото место за кое снимила приказна за големото хрватско чудо. 

Хум е мала општина со голема индустрија која веќе цел век и половина произведува стакло. Од стакло сите живеат. Тоа е симбол на ова место и извор за егзистенција. Денес е во рацете на Швајцарците. 

Во „Ветропак Стража“ како што се нарекува фабриката, има вработено 607 работници, кои работат на три печки за топење на стаклото како и на 11 производствени ленти низ кои минуваат 250.000 тони стакло или 950 милиони боци годишно. Стаклото потоа се пренесува со воз, па дури и со трактори. 

Од производството 70% завршува во извоз, а од тоа 80%’ завршува на просторот на поранешна Југославија. 

Малку е познат фактот што оваа компанија секоја година вработува една цела класа на металски работници од Крапин. Акции во фабриката имаат и Белгијци, а се работи во три смени и сите добиваат и 13 плата. Просечните примања изнесуваат околу 5500 куни односно 720 евра. 

Општината е развиена, луѓето се вработени, па дури како што наведува ХРТ населениет станува се побројно и има се повеќе деца кои се на листа на чекање за запишување во градинките. Повеќето луѓе веруваат во денешницата дека ваквото место е вистинско чудо.

 

25.03.2014 - 18:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега