„Да не си се осмелил да влезеш во Украина“ - Обама му се закани на Путин
Претседателот на САД Барак Обама изрази загриженост дека Русија може да навлезе подлабоко во Украина.
Обама истакна дека тоа би било лош избор од страна на рускиот претседател Владимир Путин. Има друг пат пред Русија, изјави американскиот претседател на заедничка прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте.
- Ако имаат избор Украиницте ќе се обидат да одржуваат односи и со Европа и со Русија. Ова не е игра, при што едниот задолжително губи, а другиот задолжително добива, изјави претседателот на САД, додавајќи дека Вашингтон не ја признава анексијата на Крим.
25.03.2014 - 17:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа