Повеќе од 300 земјотреси регистрирани минатата недела во Чиле

 

Во северниот дел на брегот на Чиле  регистрирани се повеќе од 300 земјотреси во текот на минатата недела, а научниците истакнуваат дека е невозможно да се утврди дали тоа навестува поголема катастрофа.

Невобичаената сеизмичка активност почна на 16 март, кога е регистриран земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала, поради што повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани од пониските предели. По земјотресот немаше цунами, а причинета е мала материјална штета.

Над десет земјотреси се забележеани во еден ден во градот Икика.

Чиле се наоѓа на многу активна сеизмолошка локација. Во земјотресот со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала и цунами во централниот дел на Чила во 2010 година загинаа повеќе од 500 луѓе и уништени се 220.000 куќи. Најсилниот земјотрес во светот, со интензитет од 9,5 степени го погоди Чиле во 19160 година, при што загинаа над 5.000 лица.

25.03.2014 - 16:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега