Украина бара од ММФ кредитен пакет од 15-20 милијарди долари

"Поради сериозно ослабената економија како резултат на политичките потреси и лошото управување во последните месеци, Украина води преговори со ММФ за кредитен пакет од 15-20 милијарди долари", изјави денеска украинскиот министер за финансии Олександр Шлапак.

Тој вели дека Министерството прогнозира забавување и стагнација на економија. Очекувањата се БДП на земјата да се намали за три проценти во 2014 во споредба со нула раст минатата година.

За разговорите со ММФ, кои се уште траат, Шлапак рече: „Успешно одиме кон конечно оформување на програмата. Сметам дека ќе добиеме тоа што го бараме. Сумата е меѓу 15 и 20 милијарди евра“. 

25.03.2014 - 16:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега