Г.Петар: Подобро е човек да се впрегне во јарем со вол, и да ора, отколку да се договара и расправа со неразбрани луѓе

Судските спорови во австралиско-новозеландската епархија продолжуваат поради непочитување на судските одлуки на австралискиот суд. Вака Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор на 12 црковни општини во Аватралија, г. Петар во интервју за Прес24, го објаснува покренувањето на нови тужби против секратарот и членовите на црковната Општина Св.Петка во Рокдаил. 

-Секретарот на инкорпорираната асоцијација, именувана Македонска православна заедница (МПЗ) "Црква Св. Петка" Рокдаел, г. Петер Котевиќ е даден на суд затоа што, зеадно со извршниот обор на асоцијацијата продолжува(ат) да го прекшува(ат) трастот, односно правилата, одлуките и наредбите на судиите на Врховниот суд на Нов Јужен Велс (НЈВ), вели во интервјуто за Прес24, Г. Петар. Владиката г. Петар признава дека локалниот свештеник е тој кој одлучува кој може, а кој не да биде член на Црковната општина, објаснувајќи го тоа како правило на Црквата.

- Колку ќе се откажат и колкумина ќе останат членови на Црковната општина, зависи од тоа колкумина ги исполниле условите за членство. Но, задолжително членовите треба да бидат во списокот, односно домовникот на парохискиот свештеник. Досега од членовите што ги има во регистарот на секретарот Котевиќ само деветмина се пријавиле на списокот на свештеникот, вели за Прес24, Г. Петар, обвинувајќи го секретарот на Македонските црковни заедници, Игор Аврамовски Александров, дека тој е виновен за продолжувањето на судските спорови.

- Вината за продолжување на судскиот спор е во Александров и во тужените кои му веруваат, зашто доколку тужените не потклекнеа на неговото инсистирање да се жалат дури и до Највисокиот суд на Австралија, судот ќе завршеше, и конечно се ќе беше поинаку. Но, неговиот инает се да биде по негово и во негова полза ја доведе црквата “Св. Петка” до тотален финансиски крах, вели г. Петар

Митрополитот, г. Петар, кој од 1995 е администратор во Асвтралија, вели дека

засега нема точна и прецизна бројка колку пари се портошени за адвокастките трошоци од дводеценискиот судски спор, но тврди дека гаранција за тоа дека ќе бидат исплатени од дале тој и неколку десетици свештеници и верници.

За Владиката г. Петар прашањето околу поделбата на црковните општини во Австралија е завршен чин, а регистрација на Епархија во Австралија би било опасна работа.

-Регистрирањето на Епархија во Австралија, наводно, како правно лице, односно како компанија или инкорпорирана асоцијација со своите имоти, одделни или здружени, сеедно, е опасна работа бидејќи таа Епархија нема да се раководи како црковна организација, согласно Црковните закони, и нејзиниот имот нема да биде за траст - доверителство, со определена цел - мисија на црквата, туку тој имот ќе биде имот за сопственост и ќе се управува и раководи согласно законите за компании и асоцијации кои се спротивни на црковните закони. И конечно, тие имоти ќе завршат, како и на секоја компанија кога ќе банкротира, или ќе станат сопственост на Кралицата, односно на државата Австралија, а имотите кои се под старателство на МПЦ секогаш остануваат имоти на МПЦ и ќе се употребуваат за нејзината мисија, и никогаш не можат да пропаднат, ако се стават во корпорација на МПЦ, под Законот на старателство, вели Г. Петар.

Владиката Петар вели дека, денес 15 месеци по поделбата на епархијата состојбата е уште полоша

- Во конкретниов случај, од поделбата на Епархијата поминаа 15 месеци а таму не отиде ниту Поглаварот, како претседател на САС, ниту Митрополитот Тимотеј, како координатор или администратор, сеедно, па така состојбите во тие т.н. црковни општини, кои ги отфрлија 10-те точки од платформата, што наводно ги прифатиле и го потпишале Записникот од преговорите со Комисијата на Синодот, состојбата таму е уште полоша.

Ние, како член на Синодот, имаме желба да помогнеме во разрешувањето на ова болно прашање, но сметаме дека и секој член на Синодот треба темелно и аналитички да ги проучи сите досегашни одлуки, ставови и заклучоци, донесени за Австралиската Епархија, со цел да се надминат проблемите со тие т.н. црковни општини. Тие заговараат и создаваат расколничка организација со расчинети свештеници, со намера и понатаму сите црковни средства ненаменски да ги трошат, вели за Прес24, г. Петар.

Митрополитот, кој во интервјуто за Прес24, одговара на сите прашања и обвинувања кон него, вели дека најдобар начин да се заштити имотот на црквата е оној што тој го направил во Австралија, притоа потенцирајќи дека никој во МПЦ не знае на чии имиња се водат црковните имоти во Епархиите во Америка, Канада и во Европа.

-Во Америка, Канада и Европа, како Синод не сме известени, точно на кого се водат црковните имоти, црквите и манастирите, и како се регистрирани. Но, недај Боже, ако некаде почнат црковните одбори сами да поставуваат и разрешуваат свештеници, како и да му ги одземат правата и да му забранат пристап во црквите на Владиката, тогаш ќе се дознае на кога и за кого се регистрирани црковните имоти, вели Администраторот на 12 црковни општини во Австралија, г. Петар, во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24:  Ваше Високо Преосвештенство неодамна најавивте дека е завршен судскиот спор за Црквата Св. Петка во Рокдаил, Австралија и тоа во Ваша корист. Но, сега повторно се отвараат нови судски спорови, овој пат против членовите на црковната општина Св. Петка. Веќе сте побварале, преку Вашиот адвокат, секратарот на општината да се откаже од членство. Зошто?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Секретарот на инкорпорираната асоцијација, именувана Македонска православна заедница (МПЗ) "Црква Св. Петка" Рокдаел, г. Петер Котевиќ е даден на суд затоа што, зеадно со извршниот обор на асоцијацијата продолжува(ат) да го прекшува(ат) трастот, односно правилата, одлуките и наредбите на судиите на Врховниот суд на Нов Јужен Велс (НЈВ): г-дата Хамилтон, Јанг и Бреретон, да се управува и раководи црковниот имот според црковните закони.

Имено,се работи за следново:

-не исплаќање (повеќе од 18 седмици) плата на свештеникот, прота Митко Митрев;

-малтретирање и провоцирање на свештеникот со ставање на корпи и најлони со ѓубре на работната маса на свештеникот во неговата канцеларија, каде што тој ја извршува својата административна и пастирска должност, води регистри, дава совети и поуки на брачните другари, на кумовите и ожалостените;

-малтретирање на верниците со пуштање на клима уредот да биде неподносливо жешко кога времето е топло и пуштање на ладно кога времето е студено, а се со цел да ги отстранат верниците кои постојано доаѓаат на богослужбите;

-недозволување на верниците да се запишуваат-зачленуваат во членството на асоцијацијата, по богослужбите, туку тоа го прават во попладневните часови кога верниците имаат свои обврски;

-недозволување на свештеникот, кој автоматски е член на управата, како и на верниците, согласно наредбата на судијата Бреретон, да имаат увид во собирањето, броењето и инкасирањето на средствата што се приложуваат во црквата, со што, објективно се создава, оправдан сомнеж за чесно работење и правилна употреба-трошење на средствата, согласно со црковните закони;

-недозволување да се обезбедат услови на свештеникот и верниците уредно да ги иазвршуваат своите обврски и должности, како и непречено да учествуваат на богослужбите;

-повеќе од една година одлагање да се свика редовно, но и изборно генерално собрание на црковната општина на кое управата е должна да поднесе извештај за материјалното и финансиско работење, односно годишна завршна сметка и предлог буџет, како и избор на нова управа.

За да биде појасно за читателите, оваа инкорпорирана асоцијација која е создадена со пререгистрирањето на црковната општина и имотот на Св. Петка во 1992 г., кога со Епархијата управуваше Митрополитот Тимотеј, без одобрение негово и на САС на МПЦ, а спротивно на црковните закони и чл. 4 од Правилникот (одобрен од САС) на таа црковна општина, е извршено регистрирањето, па така црковниот имот, спротивно на црковните закони, станал имот на асоцијацијата. Црковниот имот кој бил создаден за траст-старателство, односно за цел - мисија на црквата, наеднаш постанал имот за сопственост и понатаму не се користел и управувал според црковните закони, туку според законите на инкорпорираните асоцијации, чии закони се спротивни на црковните.

Токму поради тоа и поради отстранувањето на свештеникот од парохијата и поставување расчинети свештеници на негово место, како и забрана на Владиката да влегува и богослужи во црквата, одземајќи му ги и сите права, започна судскиот процес.

ПРЕС24: Според кои критериуми се утврдува кој може, а кој не може да биде член на Црковната Општина Св. Петка?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Критериумот за да се биде член на црквата е посочен во црковните закони, Уставот на МПЦ, Статутот на Епархијата и Правилникот одобрен од САС на МПЦ, односно, да се има полнолетство, да се црквува и прима свештеникот во својот дом, да е крстен, миропомазан, ако е во брак да е венчан во црква, да се исповеда и причестува, итн., и да ги почитува црковните закони.

ПРЕС24:  Дедо Петар, колку од актуелните членови на Црковната Општина, спред Вас, треба да се откажат од членство, а колку ќе останат?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Колку ќе се откажат и колкумина ќе останат членови на Црковната општина, зависи од тоа колкумина ги исполниле условите за членство. Но, задолжително членовите треба да бидат во списокот, односно домовникот на парохискиот свештеник. Досега од членовите што ги има во регистарот на секретарот Котевиќ само деветмина се пријавиле на списокот на свештеникот.

ПРЕС24: Дали е точно дека локалниот свештеник, кој е под Ваши ингеренции е тој кој одлучува кој може, а кој не може да биде член?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Секако дека пресудна е констатацијата на свештеникот кој, како секој парохиски свештеник во МПЦ, води своја евиденција на верниците, т.е. список на домови - домовник, на сите членови во секој дом во парохијата, особено на оние што се изборни членови.

ПРЕС24:  Ако членовите на Црковната Општина Св. Петка не го прифатат апелот да се откажат од членство, уште колку време можат да се очекуваат тужби, противтужби и жалби помеѓу Вас, свештеникот Митко Митрев и членството?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Од осветувањето на црквата, цели две години, имаме парадоксална состојба. Присуството на верниците кои не беа примани во членство на асоцијацијата од страна на секретарот Котевиќ и црковниот одбор е повеќе од 95%, додека постоечките членови на асоцијацијата на редовните богослужби се едвај 5 %, а последниве месеци, откако им беа одбиени жалбите на Федералниот суд на Австралија, престанаа и тие да доаѓаат.

Претседателот, секретарот и притропот на црквата ги одвраќаат луѓето од црквата и од извршување на светите тајни и чинодејствија и ги насочуваат во црквите во кои работат распопи.

ПРЕС24:  Од МПЦО Св. Петка велат дека вашиот адвокат доставил формулари и членарина за преку 800 нови членови од кои само шестмина одговориле на покана да дојдат во црквата и да се легитимираат со сите лични податоци за да докажат дека постојат и дека имаат лична желба да бидат членови.  Дали тоа не оправдува страв од фалсификувано изборно собрание, кое исто така ќе предизвика нови судски спорови?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: За да се зачленат верниците, одборот на асоцијацијата, наместо таа да го прави уписот во членство, веднаш по секоја богослужба, кога се верниците во црквата, тие закажуваат термин кога луѓето претежно се ангажирани и не им дозволуваат групно да се запишуваат, туку како во комунизмот, да доаѓаат еден по еден за да ја провереле нивната подобност, па така луѓе неверници ги испитуваат верниците дали ги исполнуваат условите за членство. Но, што е уште пожалосно, верниците доаѓаат на закажаниот термин, а канцеларијата е затворена, и тие треба многу пати да губат денови за да ги евидентира некој, во кој нема ништо црковно и верско, туку само желба да се изживува над недолжните верници.

ПРЕС24:  Ваше Високо Преосвештенство, ако велите дека судскиот процес во Света Петка е завршен во ваша корист, зошто сега повторно се почнуваат судски спорови?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Ние кажавме дека во глобала, за суштинските работи, според тужбата, судовите се завршени и пресудите на тројцата погореспоменати судии ги потврди Апелациониот суд на Нов Јужен Велс, а и жалбата на тужените, упатена до Федералниот (највисокиот) суд на Австралија, им беше одбиена. Сега се водат расправи околу непочитувањето на одлуките и наредбите на судиите од страна на тужените, и се разбира, прашањето околу плаќањето на адвокатските и судските трошоци. На пример, судиите на Федералниот суд на Австралија, кога им ги одбијаа жалбите, донесоа одлука дека тие на тужителите, нам, должни седа ни ги исплатат трошоците. Но, за тоа треба да се направи пресметка за трошоците и таа процедура и донесување наредба за плаќање трае неколку месеци. Бидејќи станува збор за спор кој се води 17 години, тоа ќе потрае многу повеќе.

ПРЕС24: Имате ли проценка колку ќе чинат овие нови судски спорови?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Се работи за скоро дведецениски судски спор и нема така брзо и лесно да се утврдат трошоците, но факт е дека поголемиот дел од трошоците (75%) треба да го платат тие што го изгубиле судот, а тие, пак, што велат дека не го изгубиле судот, само се обидуваат да го манипулираат народот. Ако не е така, тогаш, зошто се жалеа и бараа да ги поништат пресудите и на судиите од Врховниот и на судиите од Апелациониот суд на Нов Јужен Велс.

ПРЕС24:  Дел од Владиците побараа за оваа новонастаната ситуација да заседава комисијата која беше формирана за разговори со пртставниците на црковните општини од Австралија. Не мислите ли дека, во интерес на цркавата е далеку покорисно за овој проблем да се најде решение преку медијаторство од страна на Синодот, отколку да се трошат нови средства за тужби?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Ние, досега, со тие луѓе имавме неколку медијации. Своевремено, во 2000 година, медијацијата во присуство на Делегација определена од Синодот ја водеше најпознатиот судија медијатор во Австралија, Сер Лорен Стрит и откако се договоривме требаше веднаш да го потпишеме договорот. Но, нивните адвокати кога видоа дека ќе им пресуши изворот на приходи, побараа да ги известат останатите членови на Управата, се разбира главниот советник таму им беше Игор Александров, па по негов совет тие ништо не прифатија, и така судот продолжи. Потоа, имаше уште две медијации на ниво на Врховен суд, но и тие пропаднаа, затоа што тужените не сакаа да направат никаква отстапка. Исто така, имаше уште неколку медијации со претставници на црковни општини, како во три наврати со управата на црквата Св. Климент - Порт Кембла, па и оние од Камбера и од тоа ништо не бидна. Дури и за време на последното судење што го водеше судијата Бреретон во 2010 година имаше медијација, но тужените не направија никаква отстапка, туку напротив по совет на Александров, кој им ветуваше пари од црковната компанија која тој ја управува, не се најде решение и судот продолжи. Точно е и тоа дека САС на МПЦ формира Комисија за разговори со нив и им понуди платформа со 10 точки, кои тие ги прифатиле, и го потпишале Записникот од преговорите. Но, тие штом се вратија во Австралија, одржаа Собрание, се разбира, антицрковно (согласно 6-то правило на Гангрскиот помесен собор), и ги отфрлиле сите 10 точки. Па така се случи народната, “да држи бурето вода, дури мајсторите да си одат”. Не случајно, еден учен човек рекол “подобро е човек да се впрегне во јарем со вол, и да ора, отколку да се договара и расправа со неразбрани луѓе”. Во случајов, луѓе кои не почитуваат ни црковни закони, ни судски, ни граѓански, ни правила и пресуди.

Впрочем, вината за продолжување на судскиот спор е во Александров и во тужените кои му веруваат, зашто доколку тужените не потклекнеа на неговото инсистирање да се жалат дури и до Највисокиот суд на Австралија, судот ќе завршеше, и конечно се ќе беше поинаку. Но, неговиот инает се да биде по негово и во негова полза ја доведе црквата “Св. Петка” до тотален финансиски крах.

Ние со споменатите медијации направивме големи отстапки, но тужените не се согласија, се разбира по совет на Алесандров, бидејќи по затворањето на црквата “Св. Петка” сите треби и чинодејствија беа пренасочени во компаниските цркви во кои работат распопи, а ги раководи Александров и таму се слеваат најмалку 300.000 АУД годишно. Овој суд колку повеќе се одлага, толку повеќе пари влегуваат во расколничките цркви на Александров и на тој начин нему му е обезбедена егзистенцијата, па затоа тој ќе се труди до крв да ги исцица црковните пари, кое за негова плата околу 90.000 долари, а уште колку црковни средства троши за шетање и крстарење по Европа и целиот свет, како и за настапи во медиумите, водење кампања за Стојанче Ангелов за пратеник од Австралија, како и водење кампања на Кекеновски против актуелниот претседател на РМ.

Затоа прашуваме, дали некој од браќата Архиереи и од политичарите се поставиле прашање, до кога на овој расколник и растурач на МПЦ и Македонската нација воопшто, со регистрирање и организирање расколничка организација со распопи, како паралелна црква на МПЦ, а воедно и против нацијата, за што отворено говори дека Македонија за скоро време ќе се распадне, со други зборови без него ќе пропадне и Црквата и државата.

ПРЕС24:  Во договорот меѓу Синодот и црковните заедници за поделба на епархија за Св. Петка остана да се дефинира статусот по завршувањето на судскиот спор. Кога Синодот на МПЦ ќе заседава за ова прашање?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Прашањето околу поделбата на црковните општини во Австралија е завршен чин. Нашиот предлог на Епархиското собрание на МПЦ, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) беше, 12 црковни општини, со парохиски цркви да бидат во Епархијата со која администрираме, и 12 во Епархија што допрва треба да се формира. Но, САС ним им додаде уште една, па така, нашата Епархија сега има 11 парохиски цркви, а т.н. црковните општини што треба да ги прифатат 10-те точки од платформата имаат 13 парохиски цркви, односно една повеќе.

ПРЕС24: Дали досега до Синодот или до членовите на МПЦО Св. Петка сте доставиле целосен извештај за тоа колу пари се потрошени на адвокати за вашите досегашни тужби?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Мислам дека на ова прашање одговоривме, но, не е на одмет да кажеме дека тие изјавуваа дека потрошиле околу 4.000.000 АУД. Но, бидејќи тие секогаш имаа двојно повеќе од нас и ангажираа најскапи адвокати, претпоставувам дека кажуваат реална цифра. Бидејќи креваа кредити со залог на имотите кои се под старателство (траст) за Македонската религија т.е. МПЦ, продадоа 6 (шест) станови од овој имот и како залог им ја дадоа и тапијата од зградата  на детската градинка, која е составен дел од имотот под старателство, па затоа, најверојатно, точно знаат колку потрошиле. Но, бидејќи ние не успеавме да им ги исплатиме сите трошоци (побарувања) на нашите адвокати, тоа ќе биде дополнителна пресметка која нашите адвокати, очекуваме да ја направат во текот на наредните месеци, но очигледно ќе е помала од нивната. Но, ние и покрај огромните средства што ги потрошивме за судовите, сепак купивме и изградивме 10 нови цркви и 4 вративме во МПЦ по граѓански-судски пат.

ПРЕС24:  Кој е изворот на парите со кои ги плаќате вашите адвокати?  Дали е тоа касата на австралиската Епархија, касата на Преспанско-пелагониската Епархија, општа каса на МПЦ или пак некој друг извор?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР:  Уште на почетокот на судењето, тужените од нас бараа гаранција дека ќе им ги надоместиме трошоците за нивните адвокати. Поради тоа, ние се обидовме и добивме од повеќе цркви во Епархијата, гаранција, но тужените беа ригорозни и инсистираа црквите да не можат да гарантираат, па гаранцијата ја дадоа неколку десетици верници и неколку свештеници, освен о. Митко и Јас како Епархиски Архиереј, бидејќи судот оценил дека ние се застапуваме да го заштитиме црковниот, а не личниот имот. Па така, изворот на средствата од наша страна се верниците и свештениците со своите придонеси.

ПРЕС24: По досегашните пресуди, колкав дел од вашите трошоци треба да плати МПЦО Св. Петка, а колкав дел од трошоците на Св. Петка треба да платите вие и свештеникот Митко Митрев, како тужители? 

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: На ова прашање веќе одговоривме, но ќе почекаме да се направат пресметките на адвокатите од двете страни, кои пак, пресметки треба да ги верификува Врховниот Суд и да ги прецизира сумите.

ПРЕС24:  Дедо Петар, зошто досега во Австралија, право не е регистрирана епархијата на МПЦ како посебно правно лице, со право да поседува имот во свое име? Зошто се бара старателска корпорација или поединци да бидат законски сопственици на имотите како старатели на Епархијата?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР:  Епархијата, именувана Македонска Афтокефална Православна Црква, која беше регистрирана во Министерството за правда, под јуриздикција на Бугарската Православна Црква, ја пререгистриравме и таа сега е регистрирана како верска организација, која е призната во Австралија со име Македонска Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд, со седиште во Скопје, РМ. Но, за да се регистрира како правно лице со имот, потребно е да се донесе Закон за старателство на имотите на МПЦ во Австралија. Ние, своевремено, во 1998 година успеавме, се разбира, врз основа, континуирано донесената Одлука на Епархиските Собранија, почнувајќи од 1995 год, да издејствуваме Парламентот на Нов Јужен Велс, во долниот дом, да донесе Закон за старателство на имотите на МПЦ во Австралија. Но противниците, претставници од 4 компании го оспоруваа Законот и се закануваа дека ќе имало судири меѓу верниците, до физички пресметки, и дека на изборите немало да гласаат за парламентарците што го носат Законот, па така беше одложено донесувањето на Законот. Во 2010 година повторно се обидовме да го издејствуваме, но поради судот со Св. Петка и противењето на компаниските цркви, пак не успеавме да го издејствуваме, иако, овој пат, барањето на Законот се однесуваше само на имотите што ги држиме под старателство на МПЦ, Јас, како главен трастист поставен со Одлука на САС  и уште двајца свештеници поставени од ЕУО на Епархијата и имаме потпишано декларации дека тие имоти не се наши, туку на МПЦ, а ние под старателство ќе ги држиме се додека не се донесе Закон за старателство на имотите на МПЦ  и се формира корпорација, во која ќе бидат префрлени овие  и сите други имоти што ќе го прифатат Законот и се согласат да ги приклучат црковните имоти кон овој Закон, без оглед како биле регистрирани како компании, асоцијации, здруженија, неинкорпорирани, под времен траст итн. Со ваков Закон за старателство од судски спорови и ненаменско трошење на црковните имоти се заштитиле голем број на цркви, како: Римокатоличката, Англиканската, а од Православните: Грчката Архиепископија на  Цариградската Патријаршија, Антиохиската, Руската, од дохалкидонските православни цркви: Коптската, Сирската и Асирската, како и голем број на протестантски и други верски деноминации.

Тие со донесувањето на тој Закон се ослободиле од судски спорови и работат по црковните закони и бележат големи успеси, а останатите, како ние и Српската Православна Црква, додека не издејствуваме таков Закон ќе бидеме изложени на огромни адвокатски и судски трошоци. Но, штом се донесе една пресуда во една држава, како на пр. Викторија, НЈВ итн., секое наредно судење трае само неколку дена, ако се работи за сличен, или ист случај, како што беше случајот со судскиот процес со инкорпорираната асоцијација при "Св. Илија"-Фуцкрај.

Значи, ние со 6-те епархиски имоти, моментално сме времено правно лице со имотите што ги држиме под старателство, ако може така да се рече. Но, трајно правно лице постанува Епархијата кога ќе издејствува Закон за старателство на имотите на МПЦ и формира корпорација која ќе ја раководи Одборот на трастот, односно Епархискиот Управен Одбор (ЕУО), кого го сочинуваат Архиерејот, свештеници и лаици (мирски лица) што ги избира Епархиското Собрание.

Регистрирањето на Епархија во Австралија, наводно, како правно лице, односно како компанија или инкорпорирана асоцијација со своите имоти, одделни или здружени, сеедно, е опасна работа бидејќи таа Епархија нема да се раководи како црковна организација, согласно Црковните закони, и нејзиниот имот нема да биде за траст - доверителство, со определена цел - мисија на црквата, туку тој имот ќе биде имот за сопственост и ќе се управува и раководи согласно законите за компании и асоцијации кои се спротивни на црковните закони. И конечно, тие имоти ќе завршат, како и на секоја компанија кога ќе банкротира, или ќе станат сопственост на Кралицата, односно на државата Австралија, а имотите кои се под старателство на МПЦ секогаш остануваат имоти на МПЦ и ќе се употребуваат за нејзината мисија, и никогаш не можат да пропаднат, ако се стават во корпорација на МПЦ, под Законот на старателство.

ПРЕС24:  Од 1ви Декември 2014г, во Австралија е регистрирана инкорпорирана асоцијација под име Македонска Православна Архиепископија за Австралија и Нов Зеланд.  Во документите за регистрација пишува дека таа ќе биде официјално хиерархиско претставништво на Синодот од Македонија.  Јавен чиновник, односно публиц оффицер на таа асоцијација е лицето Крис Гаин, кој е клирик на Грчката патријаршија од Антиох, со чија Австралиска архиепископија се вели дека имате блиска соработка, преку Архиепископот Павле Салиба.  Дали таа регистрација е извршена со ваша согласност? 

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Ние, од расколникот Александров дознавме дека таква регистрација имало извршено од лицето Крис Гаин и веднаш побаравме средба со Архиепископот Павле Салиба, кој не информираше дека споменатото лице ја напуштило нивната Црква, а и Австралија. Антиохиската Архиепископија е, исто така заинтересирана, да го пронајде Крис Гаин поради направени злоупотреби во нивната Епархија. Споменатата регистрација нема никаква важност, или поточно, е толку важна, колку што е регистрацијата, по совет на Александров, што ја извршиле г-та Дупешовски и Георгиевски, иако САС на МПЦ формално ја призна таа регистрација и бараше кон неа да се приклучи Статут на Епархијата, а пак за да докаже дека таа регистрација нема никаква важност, иста регистрација на Епархијата изврши и г-динот Сашо Цветковски во Перт. Тие регистрации не можат да профункционираат затоа што зад нив не стојат со своите имоти ниту црквите, ниту манастирите, ниту Епархијата, односно кон регистрацијата не се приложени ни Устав, ни Статут, ни Правилници одобрени од САС на МПЦ.

Доколку ние имавме желба Епархијата да ја ставиме под туѓа јуриздикција-како што шири невистини Александров, немаше, своевремено, кога откривме дека таа од компаниските црквиве ќе била ставена под јуриздикција на Бугарската Православна Црква, да ја пререгистрираме под јуриздикција на МПЦ со седиште во Скопје, Р. Македонија, туку уште тогаш ќе ја ставевме под јуриздикција на некоја друга Црква.

ПРЕС24:  Ако регистрацијата е ивршена со ваша согласност, дали тоа може да се смета за регистрација на вашата Епархија на МПЦ во Австралија?   Ако не е, тогаш дали сте се пожалиле до австралиските надлежни служби и до Грчката патријаршија од Антиох за таквата регистрација и кога?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: За да се поништи некоја регистрација, тоа право го има оној што ја извршил регистрацијата, и ние при првото сознание дека лицето што ја извршило регистрацијата се наоѓа во Австралија, ќе побараме веднаш да ја поништи регистрцијата, во противно ќе бидеме принудени по судски пат да го решиме тоа прашање.

ПРЕС24:  Постојат ли цркви во Македонија, Америка, Канада или Западна Европа, на кои имотите се регистрирани како законска сопственост на Владиката или други поединци или на некоја корпорација воспоставена од владиката, во својство на старатели?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Согласно Англо-саксонскиот правен систем постојат два вида на имоти:

- за сопственост, односно имот на приватни лица, компании, здруженија, асоцијации и тн.;

- имоти за траст- старателство, односно за определена цел и намена, во нашиот случај за религиозни цели и мисија на црквата.

Имотите за сопственост им припаќаат на сопствениците и тие се управуваат и раководат согласно законите за приватни лица, за компании, асоцијации итн, додека пак, имотите за траст се раководат според законите за старателство, во нашиот случај и според црковните закони, Светите канони, Уставот на МПЦ и прописите што од него произлегуваат.

Во Австралиската Македонска Епархија уште пред, на неа, да бидам поставен Јас, се држеле под старателство на групи верници имоти на неколку цркви, како "Св. Климент Охридски"-Порт Кембла, "Св. Илија"-Квинбијан, а пак црковните имоти на црквите:"Св. Илија"-Фуцкрај, "Св. Никола"-Престон и "Св. Димитриј Солунски"-Спрингваел биле регистрирани според Законот за религиозни, добротворни и наследни права, односно со тројца доверители. Црквата, пак, "Св. Петка"-Рокдаел била регистрирана со имот за траст како религиозна и добротворна организација, поточно за Македонската православна религија, т.е. МПЦ. Епархиската куќа, пак, што се наоѓаше на улица Пленти Роад во Мелбурн, како трастисти ја држеле членовите на Епархискиот Управен Одбор со претседателот, Митрополитот Тимотеј.

Имотите регистрирани по законите за сопственост, а пред народот претставени дека се создавани како цркви, во име и мисија на Црквата (МПЦ), со поголеми потешкотии можат по судски пат да и припаднат на Црквата, а оние коие се од почетокот создадени регистрирани за траст-старателство на црквата, по судски пат многу поедноставно можат да и се вратат на Црквата.

Во Америка, Канада и Европа, како Синод не сме известени, точно на кого се водат црковните имоти, црквите и манастирите, и како се регистрирани. Но, недај Боже, ако некаде почнат црковните одбори сами да поставуваат и разрешуваат свештеници, како и да му ги одземат правата и да му забранат пристап во црквите на Владиката, тогаш ќе се дознае на кога и за кого се регистрирани црковните имоти.

ПРЕС24:  Комисијата за разговори и Синодот условно го прифати Вашето барање за поделба на австралиско-новозеландскаат епархија. Од денешна дистанца, ако погледнете, што мислите дали тоа беше вистинско решение?

МИТРОПОЛИТ Г. ПЕТАР: Доколку нашиот предлог за поделба на Епархијата беше прифатен и одобрен од Синодот, уште во 2007 година, врз основа на доставениот елаборат и анализа, ефектот ќе беше далеку поголем. Но, и сега ќе можеа да се постигнат извесни резултати, доколку веднаш по донесувањето на Одлуката за поделба на Епархијата се превземеа чекори според посочениот елаборат, или барем според 10-те точки на платформата што, наводно, ја прифатиле т.н. црковни општини

Во 1995 година, кога Синодот ме постави за Митрополит на таа Епархија, откако една година пред тоа неа ја управуваше Синодот, јас за месец и половина пристигнав во Австралија и работев ден и ноќ за да ги решам 30 години создаваните проблеми во таа Епархија, која беше поделена на два дела. Веднаш по донесувањето на Статутот на Епархијата, кој пред тоа 22 години бил одобруван, секоја година на секое Епархиско Собрание, а потоа од истите делегати на собранието, од генаралните собранија на црковните општини отфрлан.

Во конкретниов случај, од поделбата на Епархијата поминаа 15 месеци а таму не отиде ниту Поглаварот, како претседател на САС, ниту Митрополитот Тимотеј, како координатор или администратор, сеедно, па така состојбите во тие т.н. црковни општини, кои ги отфрлија 10-те точки од платформата, што наводно ги прифатиле и го потпишале Записникот од преговорите со Комисијата на Синодот, состојбата таму е уште полоша.

Ние, како член на Синодот, имаме желба да помогнеме во разрешувањето на ова болно прашање, но сметаме дека и секој член на Синодот треба темелно и аналитички да ги проучи сите досегашни одлуки, ставови и заклучоци, донесени за Австралиската Епархија, со цел да се надминат проблемите со тие т.н. црковни општини. Тие заговараат и создаваат расколничка организација со расчинети свештеници, со намера и понатаму сите црковни средства ненаменски да ги трошат. Тие ги принудуваат свештениците да потпишуваат договори за да покажат дека се тие газдите-наредбодателите, додека пак, на Владиката и свештениците, во тие компании и инкорпорирани асоцијации, кои не постојат, согласно црковните закони и Уставот на МПЦ, им се одземени и власта и основните права и се доведени во состојба на нивни наемници и послушници.

Епархијата, пак, со која администрираме функционирабеспрекорно, во согласност со Св. Канони, Уставот на МПЦ, Статутот на Епархијата и Правилниците на црквите и црковните општини одобрени од САС на МПЦ.

Значи, таму веќе имаме одлично организирана Епархија со црковни општини што ги почитуваат сите црковни закони, а од другата страна имаме т.н. црковни општини, кои и до сега делуваат, но и понатаму сакаат да делуваат независно од МПЦ, како цивилна епархија, отфрлувајќи ги сите црковни закони. Затоа предлагаме, со желба да му помогнеме на Синодот, под чија надлежност се 13-те т.н. црковни општини, како и на Митрополит Тимотеј, кој последниве неколку месеци е со кревко здравје, да се обврземе сите Архиереи, како членови на Синодот, да имаме поединечна, а не колетивна одговорност, па врз основа на 10-те точки од платформата, секој од нас да земе по една црковна општина, односно парохија, и со совети, поуки, укажувања и директни комуникации со верниците на теренот, преку богослужби и собранија, да ги оцрковиме и воведеме во единство на МПЦ. Доколку, еден Владика, не успее една црковна општина да оцркови, употребувајќи ги сите дозволени начини и средства, тогаш се поставува прашањето, дали таму, воопшто, има верници кои веруваат во Бога, или пак толкав е капацитетот на нас архиереите да не можеме дури и една парохија во дијаспората да управуваме? Тогаш зошто сме положиле заклетва да управуваме со епархии? Неговото Блаженство, децидно порача во Божикното интервју дека проблемите со тие цркони општини мора да се решат во согласност со црковните закони. Потенцираме дека, доколку Синодот отстапи од црковните закони за решавањето на проблемите со овие т.н. црковни општини, тогаш ние архиереите ќе бидеме рушители на Црквата (МПЦ), а оние што ја разрушуваат Црквата, Господ нив ќе ги разруши.

 

 

 

 

 

 

 

25.03.2014 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа