Црна Гора бара работници од Македонија

За Македонците повторно и оваа година ќе има сезонска работа во Црна Гора. Тоа го најави директорката на Заводот за вработување на Црна Гора Вукица Јелиќ по денешното потпишување на Меморандум за соработка со македонската Агенција за вработување.

- Со потпишувањето на Меморандумот ќе имаме увид за сите работници што работат редовно или сезонски на црногорскиот пазар. Ќе можеме на нашите граѓани што работат во Црна Гора, а и на црногорските во Република Македонија, да им понудиме соодветни информации и постапки, рече Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на РМ.

Според Јелиќ, целта на соработката е размена на искуства и користење на сите програми со позитивна пракса, како и работа и аплицирање на заеднички проекти од Европската унија.

- Двете институции ќе работат на проекти кои ќе ги подобрат сите програми за давање услуги на невработените, работодавачите, студентите... Ќе настојуваме да го намалиме што е можно повеќе големиот проблем со невработеноста со којшто се соочува целиот регион и Европа, посочи Јелиќ.

На црногорскиот пазар лани со работни дозволи биле присутни 3.500 работници.

25.03.2014 - 13:27
Фото: 
плсуинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега