Пендаровски во Кочанско, Халими во Слатино, Поповски во Гостивар

 

 

Во Кочани митинг денеска ќе одржи СДСМ, а нивниот кандидат Стево Пендаровски ќе се сретне со граѓаните на Зрновци, Чешиново/Облешево и на Виница.

ДПА ќе има централен митинг во тетовско Слатино, каде што својата програма ќе ја претстави претседателскиот кандидат Илијаз Халими.  

Во Гостивар митинг ќе одржи партијата ГРОМ. Нивниот кандидат Зоран Поповски ќе има средби и со граѓаните на Тетово и на село Теарце.

Демократската унија за интеграција во рамки на нивната кампања „Не за едностран претседател“ ќе одржи средби со жителите на општините Сарај, Карпош и Студеничане.

 

 

25.03.2014 - 12:38
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега