По Охрид ВМРО-ДПМНЕ и Иванов продолжуваат со митинг во Ресен и Струга

 

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска заедно со претседателот Ѓорѓе Иванов кој се бори за втор претседателски мандат, по митингот во Охрид, продолжуваат во Лабуништа, Вевчани, Струга и Ресен.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг во Лабуништа во 12 часот, во Октиси во 13.30 часот, во Вевчани во 15 часот. Во 17 часот и 30 минути е предвиден митинг во Струга, а потоа и во Ресен во 20 часот и 30 минути.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави програмата и претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов.

Инаку, охридскиот плоштад синоќа беше преполн.  ВМРО-ДПМНЕ во Охрид го одржа најмасовниот митинг кога и да е во овој град. Според проценките, на митингот во Охрид присуствуваа повеќе од 50.000 граѓани, кои излегоа да му дадат безрезервна поддршка на актуелниот шеф на државата, кој ја побара довербата за втор мандат.

 

25.03.2014 - 12:10
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега