Шокантно видео: Тимошенко бара да се пролее крв - бара да се елиминираат Русите и нивниот лидер

 

Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко телефонски разговор што протече во јавноста, а за кој јави „Раша тудеј“ (РТ) вели дека украинците мораат да употребат оружје против Русите, така што дури ни спржена земја да не остане во Русија.

-Подготвена сум да земам автомат и да му пукам на „кучкиниот син во глава“,вели поранешната украинска премиерка во телефонскиот разговор со поранешниот заменик секретар на Советот за национална безбедност, Нестор Шуфрик, кој е објавен на ЈуТјуб.

Поранешната премиерка на Украина на својот Твитер налог ја потврди автентичноста на разговорот, но демантира дел од неговата соддржина, додека Шуфрик изјави дека „разговорот не се случил“.

На неговата забелешка дека е „шокиран“ од резултатите на референдумот на Крим, Тимошенко, како што пренесе РТ, изјавила дека е „време да се земе оружје и да се убијат проклетите Руси, заедно со нивниот лидер“, додека  на тоа Шуфрик потврдил дека е подготвен со постариот син да оди да ја брани земјата.

Тимошенко, користејќи пцости, кажала дека „жали што не може веднаш да биде таму“ , како и што не е на власт, бидејќи „тие сигурно не би го земале Крим“ на што Шуфрик потполно се согласил. 

- Се надевам дека ќе ги покренам сите свои врски и ќе направам се да го покренам целиот свет во Русија да не остане ниту спржена земја, изјавува Тимошенко.

Шуфрик потоа ја прашува поранешната премиерка што да се прави со осумте милиони Руси во Украина, кои се „протерани“, а таа одговора дека „треба да се убијат со нуклеарно оружје“.

Поранешната премиерка на Украина на својот Твитер налог демантира дека предложила да се убијат осум милиони Руси. „Разговаравме, но тоа за осум милиони Руси е монтажа. Поздрав за ФСБ (Руската Федерална служба за безбедност) и извинете заради пцостите“, напиша Тимошенко.

25.03.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега