Халими: Ќе бидам претседател на сите граѓани

 

Демократската партија на Албанците вчера од скопската населба Чаир ја почна претседателската кампања под мотото „За претседател Албанец“.

Илјаз Халими и лидерот Мендух Тачи порачаа дека никој не смее да им врши притисок на Албанците при гласањето и да ги повикува на бојкот. - Ќе бидам претседател на сите граѓани без да ги делам по етничка или верска припадност. Ќе се борам за рамноправно економско вложување во сите делови на Макединија. Нема да предизвикувам поделби. Како врховен командант ќе ги средам работите во Министерстовто за одбрана и во специјалните единици ќе барам застапеност на сите и на Албанците. Нема да ја попречувам денационализацијата на имотот на Исламската веркса заедница, рече Халими, презентирајќи ја својата платформа.

- Шест години сте во Владата, а ништо нема од членството во НАТО и во ЕУ. Нема пари, нема перспектива. Народот е незадоволен, дозволувате ваши пратеници да земаат пари покрај платата, имаме документи дека некои земаат пари колку што 5.000 Албанци вкупно земаат социјална помош, рече претседателот на ДПА.

 

25.03.2014 - 10:18
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега