Не носеле кациги и поминале на црвено - шест сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои во една со тешки телесни повреди се здобил возач на моторцикл, а неговиот сопатник е полесно повреден. Сообраќајката се случила во 15 часот на улицата „Перо Наков“ кога возачот на мотоцикл изгубил контрола над мотоциклот и паднал.
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 19 возачи на мопеди и мотоцикли и тоа пет возачи што не носеле заштитен шлем или кацига за време на движење со мопедот или мотоциклот, седум возачи кои немале возачка дозвола, четири возачи кои ги возеле мотоциклите и мопедите со изминат рок на сообраќајната дозвола и тројца со изминат рок на важноста на полисата за осигурување.
Откриени и санкционирани се и прекршоци по други основи, односно седум возачи на патнички возила затоа што поминале на црвено светло на крстосниците, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале возилата под дејство на алкохол и пет кои го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 25 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа