ВИДЕО: Скандалозен телефонски разговор на Тимошенко - Подготвена сум да земам пушка и да пукам во тој к****н син!

Снимката е објавена од телевизијата Russia Today, а еве го преводот на разговорот.
Нестор Шуфрич: Во врска со целиот проблем со Крим, ви велам, навистина сум шокиран. Разговарав со нашиот познаник денес и тој речиси беше во солзи. Го прашав, што ќе правиме сега?
Јулија Тимошенко: Јас сум подготвена да земам автоматска пушка и да го пукам тој к****н син во главата.
Нестор Шуфрич: Му реков вчера, ако избие воен удар, мојот постар син и јас, како резервни офицери, ќе го земеме оружјето во раце и ќе дојдеме да ја браниме нашата земја.
Јулија Тимошенко: Ова е навистина вон сите граници. Време е да го зграпчиме нашето оружје и да одиме да ги испоубиеме тие проклети Руси, заедно со нивниот водач. Жалам што не можам да бидам таму во овој момент и што не сум овластена да учествувам. Не би имало е*** начин да го добијат Крим назад во тој случај.
Нестор Шуфрич: И јас всушност размислував за тоа, исто така. Да беше таму, тоа не би се случило. Но сеедно немаме никаков потенцијал и сила. Знаеш, најмногу навредува тоа што...
Јулија Тимошенко: Би пронашла начин да ги испоубијам тие проклетници. Се надевам дека ќе бидам во можност да ги вовлечам во тоа сите мои врски. И ќе ги употребам сите средства да направам целиот свет да се подигне така што нема да остане ни едно поле што не е спржено во Русија.
Целиот телефонски разговор може да го проследите на ова видео.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа