Груевски: Македонија нема да дозволи раководството на ДУИ да и избира претседател

 

Ѓорге Иванов и во следниот мандат ќе биде еден претседател за сите граѓани, од сите етнички заеднички и религиски групи, му се допаѓало тоа на раководството на ДУИ или не, порача вечерва од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Намерата на ДУИ, да нивното раководство одбира претседател, наместо целиот народ и сите граѓани на земјата, таа желба да се приграби она што му е дадено на народот со Уставот, да тој одлучува, а не партиската врхушка на ДУИ, ќе биде пресретната не само од Македонците, туку и од Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите останати граѓани на Република Македонија, рече Груевски.

Груевски нагласи дека со масовно излегување и поддршка на претседателските избори на 13-ти и 27-ми април, Албанците во Македонија нема да дозволат нивното гласачко право да биде одземено и предадено на Ахмети и неколку луѓе околу него.

24.03.2014 - 22:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега