ФОТО: Иванов пред 50.000 луѓе, Пендаровски пред 1.500
Охридскиот плоштад беше преполн. ВМРО-ДПМНЕ во Охрид го одржа најмасовниот митинг кога и да е во овој град. Според проценките, на митингот во Охрид присуствуваа повеќе од 50.000 граѓани, кои излегоа да му дадат безрезервна поддршка на актуелниот шеф на државата, кој ја побара довербата за втор мандат.
Иванов во своето ображање рече дека на чист понеделник, со чист образ пред пет години токму од овој град изјавил дека оди да ја освои довербата на граѓаните на Македонија. И по пет години, пак во понеделник и од истото место, истото ви го велам, дека ќе продолжам со иста посветеност да работам за доброто за Македонија, рече Иванов.
За разлика од Иванов кој се обрати пред 50.000 луѓе, неговиот опонент Стево Пендаровски на Конвенција во Универзалната сала во Скопје се обрати пред 1.500 лица.
ГРОМ и кандидатот за претседател Зоран Поповски кампањата ја започнаа во Лептокарија, во Општина Карпош во Скопје, каде што се одржа Централниот митинг и каде според проценките имало повеќе од 2000 луѓе
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа