Груевски: Нашата сила е народот
Народот е нашата сила, а народот ја прави Македонија тоа што е. Големината на нашта држава не е во нашите пропорции, туку во нејзините луѓе, нивната жилавост, во нивната порив и посветеност, нашиот народ е нашата држава. Од Охрид ќе почне да ечи, државата пред се, Македонија пред се, луѓето пред се, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот централен митинг во Охрид.
Тој посочи дека традицијата на нивниот караван за секоја кампања почнува од Охрид и оттаму тргнува походот кон уште една нова победа.
-Од Охрид ќе почне гласот кој ќе се шири низ цела држава, гласот на народот, нашиот на нашиот пристап, гласот кој ќе кажува кој работи кој не, која е разликата, гласот кој ќе грми во секој град, гласот на народот кој гледа и прави разлика, кој не подлегнува на никакви манипулации, туку два доверба на конкретни дела, нагласи Груевски.
Груевски истакна дека вечерва започнува поход кон победата на коалицијата „За подобра Македонија“како и победата за претседателот Ѓорге Иванов, но, како што нагласи, вечерва започнува и одбројувањето до осмата победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа